Патриотките го ,,освоија” Пелистер, Делчево спремно за ,,фешта”!

Кошаркарските прваци во Првата Б Лига ја нанижаа 15-тата победа во низа, овој пат славеа на гости кај екипата на битолски Пелистер со убедливи 30:65.

КК Пелистер – КК Патриот 30:65

Денес во Битола нашите девојки доминираа, играа одлично за нова победа и зацврстување на Првото место на табелата.

Стрелци: Радмила Стоименовска и Елена Ангеловска – 13 поени

Теодора Атанасовска и Мелани Стоименовска – 12 поени

Ана Ангеловска – 9 поени

Ина Рашова – 6 поени

Во следното коло делчевки го пречекуваат тимот на Спорт Тим од Неготино, натпревар на кој сигурни сме дека пред преполната сала во СОУ ,,М.М.Брицо” љубителите на кошарката ќе ги поздрават шампионките во Првата Б Лига.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*