Во Делчево одржана локална дискусија за Националната стратегија за млади

Во Делчево одржана локална дискусија за Националната стратегија за млади 23-27, како дел од втората фаза од консултативниот процес при креирање на новата Национална стратегија како значаен документ за младите. Настанот се реализира во организација на Агенцијата за млади и спорт и поддржувачите на процесот, а во рамки на истиот присуствуваа заинтересирани млади од Делчево и од регионот.

-Денеска во Делчево е една од последните консултативни средби кои што ги спроведуваме како Агенција за млади и спорт за изработка на новата Национална стратегија која што ни е во тек. Пред се ни е многу значајно да го слушнеме гласот на младите, бидејки сакаме оваа Национална стратегија да биде инклузивно транспарентна и да дадеме можност секој да учествува и да го даде своето мислење за истата, зошто сепак на крајот од денот се работи стрикно за младите. Во нејзината изработка ангажиравме експерти кои што беа избрани на јавен повик, експерти кои што го даваат целиот придонес за да се изнајде најдоброто решение за истата, истакна Стефан Степаноски, сораборник за младинска политика и граѓански сектор при Агенцијата за млади и спорт.

Уверен е дека овие консултативни средби дека ќе дадат таква слика која што ќе ги отсликува реалните потреби на младите, со тоа што очекува оваа Стратегија која произлегува од Законот за млади од 2020 година, најдоцна до месец мај годинава да биде усвоена.

-Од досегашните локални дискусии можам да кажам дека има различни предлози и сугестии, а новитет во оваа нова Национална стратегија за млади кои што ја креираме е додадено полето за безбедноста. Тоа е еден новитет како еден од најголемите предизвици во минатото со кој се соочувавме. Исто така тука ќе го напоменам и младинското информирање, младинската работа, претприемништво, поддршка пред вработување, здравје итн, додаде Степаноски.

Во периодот којшто следува се очекуват коментарите од онлајн-консултациите, а воедно активностите ќе продолжат и со средби со младинските чадор организации, политичките подмладоци, средношколските унии и други, по што овој процес ќе биде затворен.

Првата драфт- верзија на текстот на Националната стратегија е објавена на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт, а во текот на неделата, текстот ќе биде прикачен и на ЕНЕР.  Агенцијата за млади и спорт овие средби ги реализира во соработка со Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединети нации – УНФПА.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*