Делчевскиот Совет донесе нова одлука за дополнително ослободување на населени места од комунална такса за улично осветлување

Советот на Општина Делчево на денешната 21-ва Седница едногласно донесе нова одлука за дополнително ослободување на населени места од комунална такса за улично осветлување. Одлуката ќе биде пратена до ЕВН, со што граѓаните се ослободени од обврска да поднесуваат нови барања до Општина Делчево. Исто така со оваа одлука се опфатени и ослободени и сите иматели на броила на земјоделско земјиште со пропратни објекти.

Во продолжение еве го текстот од новата одлука која едногласно беше усвоена од страна на делчевските советници:

  • Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр.5/02), член 6 став 2 и став 3 од Законот за комуналните такси („Службен весник на Република Македонија” бр.61/04….23/2016 и Службен весник на Република Македонија бр. 151/21), а согласно член 15 и член 22 од Статутот на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево” бр. 13/15,2/19 и 1/21), Советот на Општина Делчево на својата 21. седница, одржана на 13.03.2023 година, донесе одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување

Член 1

ОДЛУКА

Со оваа одлука Советот на Општина Делчево ги ослободува од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување имателите на електрични броила за мерење на електрична енергија без јавно осветлување во следните населени места:

с. Драмче без Димовско маало”

с. Петрашевец

с. Киселица

с. Илиово

с. Турија

с. Вратиславци

с. Косово Дабје

с. Селник

с. Ветрен

с. Црквенец

с.Бигла без “Бумбарско мало” место викано Долни Бавчи”

место викано „Бакина Ливада” место викано „Брежје” (Потег од место викано „Манастирски ендек” кон место викано

Брежје”).

Член 2

Се ослободуваат од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување имателите на електрични броила за мерење на електрична енергија без јавно осветлување лоцирани и поставени на земјоделско земјиште вон мрежата за јавно улично осветлување и придружни објекти во земјоделски површини вон мрежата за јавно улично осветлување.

Член 3

Доколку во наредниот период се постави систем за јавно осветлување имателите на објекти на споменатите населени места ќе бидат дополнително задолжени со наведената такса

Член 4

Оваа Одлука да биде доставена до Трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија (ЕВН Македонија), за нивно запознавање и понатамошно постапување.

Член 5

Со денот на влегувањето во сила на оваа Одлука престанува да важи Одлука за определување на населени места во општина Делчево во кои обврзниците се ослободуваат од плаќање на комунална такса за јавно осветлување Број 09-2707/1 од 26.12.2022 год. (Службен гласник бр. 17/22).

Член 6

Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен гласник на Општина

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседател

Гоце Попов

Делчево

Расправата за оваа точка почнува од 51:45 на видеото подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*