Започна реализација на проектот за уредување на Рекреативен центар во туристичка населба Равна Река

Отпочнаа градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река – I и II фаза“. На терен беа излезени Градоначалникот на Општина Пехчево, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион и претставници од фирмата Градежник ИНГ „ДООЕЛ Берово.

Проектот е во вредност од 12.023.416,48 денари и е финансиран од страна на Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година, спроведен од страна на Центарот за развој на Источен плански регион, а краен корисник од реализација на истиот е Општина Пехчево. Времетраењето на проектот е во период од шест месеци од денот на воведување во работа и отпочнување на градежните работи.

Со реализација на овој проект ќе се уреди рекреативниот центар во туристичката населба Равна Река – Пехчево со разни содржини за деца и млади, мултинаменски игралишта и многу други рекреативни содржини за одмор и рекреација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*