
Советниците донесоа Одлука за сопствено учество на Општина Делчево за проектот „Регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје низводно-фаза 2.
Со оваа одлука се дава приоритет и се утврдува намената на проектот кој ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, а по Програмата зa рамномерен регионален развој за 2023 со индикативно планирани средства за 2024 година преку Центарот за развој на ИПР.
Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 21.511.636 денари.
За реализација на проектот ќе се обезбеди учество од Буџетот на Општина Делчево од 30%, односно 6.453.491.00 денари со вклучен ддв.
Leave a Reply