ПСК ,,Голак” ја мапираше рекреативната патека до Свети Води

Објава на ПСК ,,Голак”:

Денес членови на ПСК “Голак” Делчево ја завршија првата фаза за мапирање на рекреативно-планинарската патека Свети Води, со ГПС Гармин, патека на која треба да бидат поставени 1 голема инфо табла, 9 патокази со столбови, како и беа забележани дрвата на кои треба да бидат поставени со црвено-бела боја знаците по Књефелцовата и лентовата маркација, според Законот за планинарски патеки и Правилникот на ФЕДЕРАЦИЈАТА ЗА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ.

Патеката ќе биде поставена и уредена од страна на ЛИЦЕНЦИРАН МАРКАЦИСТ од ПСК ГОЛАК Делчево, кој е МАРКАЦИСТ при ФЕДЕРАЦИЈАТА ЗА ПЛАНИНАРСТВО.

Проектот е финансиран од страна на Општина Делчево. Истиот наскоро ќе биде целосно завршен, со што Општина Делчево ќе добие уште една уредена туристичка понуда, која ќе биде лесна за за наоѓање и посета на СВЕТИТЕ ВОДИ, која има големо значење, бидејќи, овде кај трите Свети Води (СВ.БОГОРОДИЦА, СВ.НЕДЕЛА, СВ.ПЕТКА) на планината СРЕДНА, научниците тврдат дека се наоѓала испосничката ќелија на браќата СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ, каде ја напишале ГЛАГОЛИЦАТА. Истото се потврдува со научни истражувања и со фактот дека темелите на зградичката која е со нова градба,се многу стари и со градба од тоа време,како и дека овде малку погоре се наоѓа тогашниот град РАВЕН.

СВЕТИТЕ ВОДИ се наоѓаат од 725 до 735 м.н.в. точно на средина помеѓу селата РАЗЛОВЦИ, ТРАБОТИВИШТЕ, НОВ ИСТЕВНИК, односно,од сите села се одалечени по 4.5 км.на планината СРЕДНА.

Под СВЕТИТЕ ВОДИ во живописен кривулест како лак предел, тече река БРЕГАЛНИЦА додека над СВЕТИТЕ ВОДИ понагоре по патот се наоѓаат голем број на ВУЛКАНСКИ КАМЕЊА, сето тоа сместено во мешана БОРОВА, ДАБОВА, БУКОВА, БАГРЕМОВА ШУМА.

ЦРКОВНИОТ ОДБОР од село ТРАБОТИВИШТЕ предводен од свештеник ВАСКО ШОНТЕВСКИ од денес ставија ЗАБРАНА со која се забранува на сите посетители на СВЕТИТЕ ВОДИ да не врзуваат и закачаат разна ОБЛЕКА и ПРЕДМЕТИ на околните дрва и воопшто на самиот локалитет каде и да било,бидејќи ЦРКОВНОТО СВЕШТЕНСТВО не го подржува овој чин,истото предизвикува негодување на самите СВЕТИ ВОДИ. Во исто време со ова се загадува и ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. Се надеваме дека луѓето ќе го разберат ова и нема во иднина да го прават тоа.

ПСК ГОЛАК Делчево, апелира до сите добронамерници да донираат средства,за уредување и доизградба на локалитетот СВЕТИ ВОДИ како и за дворното место на црквата УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА во село ТРАБОТИВИШТЕ.
Финансиските средства, да се даваат кај лицето МИЛЕ ВЕЛКОВ-ФАНТОМО од ТРАБОТИВИШТЕ кој живее во ДЕЛЧЕВО.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*