Регионалниот центар за гранични работи – Исток со превентивна активност за заштита од пожари

На 21.03.2023 во Регионален центар за гранични работи Исток, полициските службеници организираа едукативна средба со претставници на здруженија на граѓани (планинарски,еколошки друштва,резервни воени старешини , извиднички, мотокрос клубови, ловно здружение итн.) посветена на заштитата од пожари како и од евентуални нелегални преминувања на границата. Полициските службеници преку соодветна презентација ги запознаа присутните на средбата со законот за гранична контрола, во делот на поминување на државната граница, а ја потенцираа и важноста од меѓусебна соработка за заштита од пожари на отворен простор. На присутните им беа поделени едукативни летоци за заштита од пожари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*