Во Берово одбележан Светскиот ден на Метеорологијата и Водите

Под мотото “Иднината на времето, климата и водата низ генерациите” и  “Забрзување на промените за решавање на кризата со вода и санитација”, денес во метеоролошката станица во Берово, Управата за хидрометеорлошки работи го одбележа Светскиот ден на метеоролозите и Светскиот ден на водите. 

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски пред присутните истакна дека во Македонија првите метеоролошки мерења и набљудувања се вршени уште во 19-тиот век, а по катастрофалните поплави од 1922 година, генералната дирекција за води во 1923 година формира мрежа со 25 дождомерни станици. 

-Вистински развој хидрометеоролошката дејност доживува по донесувањето на Уредбата на Претседателството на Владата на Народна Република Македонија на 1 август 1947 година за формирање на хидрометеоролошка служба.  Во годините што следат се формираат голем број метеоролошки и хидролошки станици од различна категорија, а од 1971 до 1976 биле изградени и четири противградни полигони кои подоцна биле опремени со радарски инструменти, истакна Тодоровски.

Во последните години во Управата како што додаде  интензивно се работеше на модернизација на класичните методи на мерења и инсталација на автоматски метеоролошки мерења. 

-Денес управата располага со над 60 автоматски метеоролошки станици, над 40 автоматски хидролошки станици и секоја година се врши модернизација на постојните радарските системи. УХМР денес изработува беспрекорни прогнози и предупредувања во соработка со престижните светски и европски метео центри и ги доставува не само до јавноста, туку и до бројни институции за понатамошно постапување (ЦУК, Дирекција за заштита и спасување, Министерства итн.), додаде Тодоровски.

Во рамки на настанот на вработените кои во УХМР навршуваат 10, 20 30 и 40 години работење, директорот на УХМР им додели признанија.

Метеоролошката станица во Берово, како што истакна Војо Соколовски, раководител со метеоролошката станица во Берово, работи повеќе од 70 години и токму по прогнозите кој што ги дава, Берово е препознатливо и присутно на медиумските простори, уште од многу одамна. 

-Давајќи ги резултататите за климата и температурата, меторолошката станица е институција, која влијае на туристичката понуда и е значаен сегмент од системот, за заштита на човечките животи и имот, од природните непогоди поврзани со времето, климата и водите, за зачувување на животната сердина и за придонес кон одржлив развој, рече Соколов.  

Во последните неколку години како што додаде беровскиот градоначалник Звонко Пекевски многу работи се променија со промената на климата и придонесоа кон генерални промени, со длабоко влијание врз целокупни промени во животната средина и заедницата воопшто. 

-Како локална самоуправа, превземаме се што е во наша надлежност за заштита на животната средина и придонес кон одржлив развој а нашите метеоролози се наши сериозни партнери во обезбедување на метеоролошки и хидролошки услуги. 

На сите метеоролози, Ви го честитам денот на метеорологијата и Ви посакувам , пред се добро здравје и многу успех во извршување на вашите секојдневни работни задачи, додаде Пекевски.

Годинешното мото за одбележување на Светскиот ден на водите е „Бидете Вие, промената што сакате да ја видите во 2023″, со главен акцент на забрзување на промените за решавање на кризата со вода и нејзина санитација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*