Општина Пехчево продолжува со инвестиции во село Црник

Општина Пехчево со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку годишните планови и програми за интегрирани активности од Стратегијата за Роми и националните акциски планови го реализираше проектот „Промена на прозорци во салата во Домот во село Црник“ – Пехчево.

Проектот е во вредност од 156.948,00, од кои 117.535,00 денари се средства обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа додека 39.413,00 денари се средства обезбедени од Буџетот на Општина Пехчево.

Промената на прозорците во салата во Домот во село Црник е од големо значење за населението во селото, затоа што претходните прозорци беа искршени и уништени, а населението овој дом го користи за разни културни манифестации и програми кои ги организира локалното население, а пред се младите во селото.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*