Акиов: Да се копираат политиките на визионерите ако сакаме да одиме напред!

До нашата редакција добивме допис од Аки Акиов, советник од редовите на ПДПР во Советот на Општина Кочани кој ви го пренесуваме во целост:

Почитувани ФБ пријатели и следбеници на мојот профил сакам да ве информирам за
некои работи што се случуваат во нашата
Чудесна Македонија. Секој божји ден новинарите му поставуваат прашања
на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за негов став околу инфлацијата,
енергетска криза, за кочанската депонијата
што гори со денови”, а одговорот негов е еден и единствен дека решението се само Предвремени парламентарни избори и со тоа навистина се потврдува дека нема став за ниту едно прашање од интерес на државата.

Јас мислам дека овие криминалци друго ни не знаат што да кажат, молчат и со тоа тврдам дека ги бранат: оној што украде 5.000.000.00 € и избега азилант во Будимпешта, оној другиот дава 3.000.000.00 милиони € кауција да се брани од слобода и неговите олигарси сите се преселија во Струга.

Е сега сакам да кажам неколку работи
и за ,,големџискиот” (препотентниот) однос на СДСМ, недозволиво е првите луѓе да имаат таков арогантен однос спрема граѓаните и коалиционите партии и како е можно од
партиската зграда со дрон да се следат сите ОО на СДСМ и да им се даваат задачи без меѓусебното комуницирање” но ништо подобри не се од вас и тие од подолните ешалони: купот на директори, раководители, претседатели на ОО кои мува не ги лази.

Зошто бре малце од малце не се угледате на Оливер Спасовски и на Зоран Заев, тоа се луѓе државници, не знаат никого да понижуваат, секогаш знаат да се јават и да те ислушаат, да те примат како човек и да те испочитуваат…е така треба да функционирате сите, а не цела партија сте се облегнале на двајца луѓе кои уживаат голем авторитет кај 70% од граѓаните, претежно кај Албанците, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците
Србите и кај Македонците.

Јас му препорачувам на премиерот да ги собере сите негови блиски соработници да му подадат рака на Оливер Спасовски барајки совет од човекот без кого оваа држава не би можела да функционира и без кого нема да имаме ни Д од држава.

И уште една препорака до премиерот: Со два автобуси од Владата да го фатат правецот кон Струмица на предавање кај бившиот премиер Зоран Заев. Во спротивно на следните парламентарни избори со канцелариска и дронска политика да не очекуваат добри резултати кои би биле неповолни.

Македонија е закопана!!! Многу ниско и подло од сите тие кои се “грижат” за народот, без разлика од која партија да се. Кога не сте на власт, тогаш сте реални, паметни, загрижени и дека демек сочувствуваат со маката на напатениот народ. Но кога ке дојдат на власт, исти се како и претходниците што беа на власт. А народот утепан во својата држава ! Мизерно, помизерно здравје!!!!, истакна Акиов во својот допис до нашата редакција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*