Граѓанските организации утврдија повеќе приоритети во рамки на проектот ,,Да се реализира ветеното”

Редовен автобуски превоз, заживување на Детското одморалиште на Голак, домување за лицата од прифатилиштето и функционални инспекциски служби. Ова се само дел од посочените проблеми во рамки на работилнцата со невладините организации од Делчево во рамки на проектот ,,Да се реализира ветеното”.

-Целта и овој пат е застапување и лобирање кај донесувачите на одлуки. Ова се прриоритети од Јавен карактер во Делчево, а целта е како да ги убедиме донесувачите на одлуки да влијаат на решавање на овие проблеми. Во таа насока согласни сме дека е потребно поголемо застапување и лобирање кај донесувачите на одлуките, истакнаа од НВО ,,КХАМ” како главен имплементатор на проектот.

Активностите се во насока на креирање стратегија за похолема соработка помеѓу општината и граѓанските организации.-Во насока на подготовка за креирање на таа стратегија кко што претходно информиравме деновиве се одржа средба со градоначалникот на Делчево и неговиот тим, кои ја прифатија понудата да се сретнат со 14 локални граѓански организации, со цел да се дефинираат конкретните чекори за периодот кој следи, со што и ќе се реализира даденото ветување од предизборниот период, додадоа од НВО ,,КХАМ”.Оваа активност се реализира во рамките на проектот ,, Подршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, инплементиран од Меѓународната фондација, за изборни системи (ИФЕС).

Искажаните ставови, мислења и содржини во оваа публикација не мора да ги искажуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*