Одржан општинскиот натпревар ,,Млади библиотекари”

ЈЛБ„Илинден“-Делчево го спроведе општинскиот натпревар„Млади библиотекари“2023 година.

Во читалната на библиотеката 8 ученици од двете основни училишта во градот:Јована Петровска,Теона Митевска,Моника Георгиевска и Валерија Миладинова од ООУ„Ванчо Прке“,Милена Начовска од ООУ„Св.Климент Охридски“ и Анастасија Стојменовска, Леа Миленска и Моника Ромовска од подрачното училиште „Св.Климент Охридски“, село Град, го решаваа тестот кој содржеше 20 прашања и имаа време од 60 минути за решевање на тестот и можност да освојат вкупно 100 бода.

Со најмногу бодови е Валерија Миладинова од ООУ „Ванчо Прке“.

Во клонот „К.П.Мисирков“ во Каменица, со најмногу освоени бодови е Марија Стојменовска од ООУ„Св.Кирил и Методиј“ и тие се нашите претставници на регионалниот наптревар „Млади библиотекари“, кој годинава ќе се одржи во библиотеката во Кочани. Честитки до победниците им посакуваме успех и на регионалниот натпревар „Млади библиотекари“.ќ, рече Петровска.

Од ЈЛБ ,,Илинден” упатија благодарност до наставниците Маријана Стојменовска, Василка Ивановска,Гордана Мирчевска Анакиевa, Веска Спасевска.

Сите натпреварувачи од ЈЛБ„Илинден“-Делчево добија благодарници и подарок книга.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*