Литературен конкурс во чест на делчевскиот великан Методи Митевски – Брицо

Објава на СОУ ,,М.М.Брицо”:

Почитувани ученици,
Времето минува, а споменот на Методи Митевски- Брицо живее во нас.

Чест ни е да ве поканиме на Литературниот конкурс по повод 15 Април – Денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Методи Митевски- Брицо и нашиот Патрон празник.

Право на учество имаат сите средношколци од нашето училиште кои покажуваат интерес во творење поезија. Темата е слободна, бидејќи секоја творечка душа создава според своите емоции.

Конкурсот е отворен од 07.04.2023 година до 11.04.2023 година.

Вашите дела може да ги испраќате на е-мејл адресата
sou-metodijamitevskibrico-delchevo@schools.mk
со назнака За литературен конкурс.
За подетални информации во врска со конкурсот може да ги контактирате вашите предметни наставници по македонски јазик и литература или пишете ни на нашата ФБ страна https://www.facebook.com/mmbricodelcevo

Наставничкиот Совет им посакува успех, а воедно им изразува и благодарност на сите ученици кои ќе се пријават на конкурсот.
Најдобрите дела ќе бидат наградени, а сите учесници ќе добијат сертификати од страна на училиштето.

Ги очекуваме вашите креативни дела!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*