Делчевски средношколци собираат средства за изработка на електростатски филтее за прочистување на воздухот

Средношколци од гимназијата Методи Митевски – Брицо од Делечво започнаа акција за прибирање средства за изработка на електростатски филтри за прочистување на воздухот. Визијата на учениците е да ја направат општината почисто и поубаво место за живеење, а за таа цел како што информираа им е потребна поддршката од  стопанственици како од Делчево, така и пошироко.

-Сакаме да изработуваме електростатски филтри кои работат по принципот на електростатско поле. Функционираат на принцип што во внатрешноста на кафезот се создава висок напон кој ги електризира штетните честици од димот кои не излегуваат во воздухот и не прават дополнително загадување. Филтерот се изработува според потребите и големината на ќунците на печката, а сите материјали се од тврда природа, не се кршливи и имаат неограничен рок на употреба, велат делчевските средношколци кои минатата година со својата идеја победија на кампот во Струга, кој се реализираше како дел од Upshift Програмата.

Делчевските иноватори очекуваат со масовна употреба на нивниот производ да се намали загаденоста на воздухот и да се подобри општата здравствена слика на луѓето во општината. 

-Корист од ова ќе имаат сите жители кои живеат во Општина Делчево и туристите кои го посетуваат. Со подршката за нашата идеја граѓаните ќе придонесат да ги оствариме нашите идеи за почисто место на живеење во Општина Делчево, додаваат учениците од делчевската гимназија.

Од вкупно потребните 60 илјади денари досега тие собрале околу една четвртина од потребните средства, но како што посочија имаат најава од реномирани фирми кои дополнително ќе инвестираат за реализација на нивната идеја

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*