
– Во организација на Домот на култура ,,Димитар Беровски”, по повод големиот христијански празник Велигден, во недела на плоштадот во Берово ќе се одржи традиционалниот Велигденски концерт. Настанот ќе се реализира во соработка со Општина Берово, од каде најавија повеќе содржини во рамки на настанот..
-Во склоп на велигденската прослава и Вечигденскиот концерт кој ќе се одржи со почеток во 12 часот на самиот ден Велигден (16.04.2023) ќе се одржи и традиционалниот натпревар за Избор на најцврсто јајце – качор. Притоа ќе се доделат две награди и тоа прва награда во износ од 5.000 денари и втора награда, во износ од 3.000 денари, информираа од Општината.
Прославата како што додадоа ќе биде збогатена со Културно уметничка програма.
-Предвидена е и изложба на украсени велегденски јајца, изработени од децата од детската градинка и основните училишта и презентација на украси изработени од учениците од ОСУ ,,Ацо Русковски” (текстилна насока), додадоа од Општината.
Од Општината ги поканија граѓаните да го проследат концертот, напоменувајки дека во случај на лоши временски услови концертот ќе биде одложен
Leave a Reply