
Домот на култура ,,Јане Сандански” од Пехчево со повеќе активности ќе ги одбележи претстојните Велигденски празници. Во рамки на програмата како што информираше директорката Валентина Веселинска предвидено е стенд-ап комедија, како и голем концерт на Културно-уметничкото друштво ,,Јане Сандански”.
-Одбележувањето на најголемиот православен христијански празник Велигден ќе го започнеме во петок (14.04.2023) со стенд-ап комедија во изведба на Бојан Велевски со почеток во 20 часот. Во вторник (18.04.2023) на последниот ден од Велигден е предвидена изложба на Велигденски украсени јајца и голем концерт на КУД,, Јане Сандански” Пехчево, истакна Веселинска.
На концертот, како што додаде ќе настапат повеке од 80 учесници од најмалата до највозрасната група.
-Оваа година на концертот ке учествуваат и наши поранешни членови при КУД,, Јане Сандански”, со што сите заедно со оро и песна заедно со кореографот Никола Каракашов, во најубаво светло ке го претставиме нашиот град. Негувањето на традицијата, фолклорот и уметноста во нашиот крај ќе го прикажеме преку изведба на традиционални ора од нашата Малешевија, додаде директорката на пехчевскиот дом на култура. вс/
Од Домот на култура ,,Јане Сандански” упатија отворен повик до граѓаните на Пехчево да ја проследат програмата, со што ќе дадат свој придонес во одбележувањето на големиот христијански празник Велигден.

Leave a Reply