Новиот градски пазар предаден на користење на ЈКП ,,Брегалница”

Советот на Општина Делчево, на својата 22 -ра седница одржана на 13.04.2023, со одлука,едногласно, му го предаде на користење на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, објектот на новиот Градски Пазар во Делчево.

-Се надеваме дека овој објект ке го подобри квалитетот на услугите во однос на пазарењето, со оглед на фактот дека добиваме современ објект кој е покриен, рамномерно осветлен, вентилиран, енергетски ефикасен и заштитен од атмосферски влијанија, истакна Претседателот на Советот, Гоце Попов.

Проектот беше изработен во 2019 година од проектантското биро ГП-Архитекти, а неговата изведба траеше до крајот на 2022 година по што беше извршен технички прием на објектот со што се овозможи негово запишување во имотен лист, како главен предуслов за донесување на денешната одлука.

Изведбата ја изврши градежната фирма ПАНЕЛ М од Тетово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*