Се поголем бројот на млади вљубеници во олдтајмерите во Делчево

Во Делчево се поголем бројот на помлади вљубеници во олдтајмерите. Еден од оние кои ја наследиле љубовта кон олдтајмерите е гимназијалецот Никола Тодоровски кој веќе две години инвестира во реставрација на својата Застава 101, која му останала како спомен од неговиот дедо.

-Автомобилот е од 1977 година, мојот дедо е прв сопственик. Ја зедов од него пред три години, а лани ја реставрирав. Има добро возење, со италијански мотор е, има уште некои поправки за колата што треба да се завршат и тоа е, вели младиот Никола кој додаде дека му претставува задоволство повременото дружење со членовите на олдтајмер клубот од Делчево.

Клубот ,,Kings of the roads” во кој членува Никола, брои околу 60-тина членови, а според претседателот на делчевското здружение Лоренцо Трајановски радува фактот што се повеќе млади му се приклучуваат на клубот.

-Тоа и нас не радува што има се повеќе млади вљубеници во старите автомобили кои сакаат да ни се приклучат. Од наша страна им даваме совети за она што им е важно. Со младите можеме да кажеме дека броиме околу шеесетина членови иако бројката дополнително ќе.биде изрегулирана по потпишувањето на пристапници, вели Трајановски.

За делчевските вљубеници во олдтајмерите  најголем проблем се регистерските таблички. Најавениот закон за менување на табличките не им оди во прилог, бидејки како што додават на запад олдтајмерите имаат посебен третман, а овде доколку те затекнат со нерегистирани кола казните се големи. Не одбиваат да платат одредена сума на пари, но потенцираат дека потребно е олеснување при регистрирањето на ваквиот вид возила.

Трајановски на денешното дружење со своите членови информираше дека традиционалната изложба на олдтајмери во Делчево наречена ,,Ретро кар шоу”, кое секоја година се организира околу Велигденските празници, годинава е презакажана за месец август. 

-Поради дождот многу пати во месец април имавме проблеми со временските услови, што беше причина многу учесници да не можат да дојдат. Оваа година одлучивме тоа да биде месец август, друга причина е инсистирањето на наши иселеници кои сакаат да го направиме настанот кога тие се тука. Затоа денес предвелигденски сме собрани да се видиме после подолго време и да го дефинираме точниот датум на одржување на Изложбата на олдтајмери, подвлече Трајановски. 

На крај од денешната дружба, делчевските ,,олдтајмерџии” на граѓаните им ги честитаа Велигденските празници и ги поканија на традиционалната изложба на олдтајмери во месец август годинава

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*