
Волци во потрага по храна се спуштаат во пониските предели во село Црник. Ова го тврди жител на селото кој во објавата на фб страната Village Crnik/Село Црник преку известување ги информира жителите да бидат претпазливи бидејки се забележани во близина на самата река.
-Известување до сите селани веќе неколку дена волци се спуштаат крај реката имаше мртво куче изедено е сега идат повторно у касните саати јас (Мехмет Оџов) лично ги видех 3 волка пред 10 минути(03:49) на реката. Бидете пазливи може и луѓе и животни да настрадаат. Поздрав, вели Мехмед Оџов, жител на Црник.
Интересни се и коментарите под самата објава во која граѓани велат:


Пред две години за време на пожарите кои го зафатија Пијанечко-Малешевскиот регион волци беа забележани во неколку села во беровско слободно шетајки по нивите
Leave a Reply