
Во сообраќајката која синоќа се случи помеѓу две возила на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово кај делчевското село Стамер, повредени беа три лица.
Според информациите на Итната медицинска помош повредените по укажаната интервенција се пуштени на домашно лекување.
-Кај повредените беа дијагностицирани полесни повреди. По укажаната интервенција, тие се во добра состојба, информираа од ИМП Делчево.
Поради сообраќајката, сообраќајот на регионалниот пат синоќа беше во прекин, а истиот беше пренасочен по стариот пат Делчево – Тработивиште.

Leave a Reply