
ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, го одзеде здивот на фолклористите и публиката и со бурни аплаузи и овации беа поздравени на 18-от Меѓународен фолклорен фестивал – Велигденски средби, с. Ораовица, Радовиш.
Во рамки на настапот на фестивалот како што истакна претседателката Перса Стојановска беа презентирани пијанечките бисери (вака милуваше да каже нашиот легендарен народен уметник Димитар Узунски), ората „Ситно“ и „Копачката“ кое е национално, но и светско културно наследство заштитено од УНЕСКО со впишувањето во Репрезентативната лсита за нематеријални културни наследства на човештвото.

-По изведбата на песната „В планина, црква шарена“ од страна на Вида Илиевска, беа изведени наведените ора од страна на женскиот дел на Групата во придружба на тамбурата на Мирко Симоновски.
А кога грмнаа нашите тапани со езгијата во изведба на нашиот првенец Дарко Златковски, како и на Николче Петровски и Адријан Стаменовски и уште повеќе кога најпосле им се придружи нашиот иден кореолог Ана Алексовска, на возбудата и немаше крај.
Салата се преполни и со големо внимание се следеше нашиот брилијантен настап, со изведба на ората на машкиот дел од Групата за најпосле да грми салата од громогласниот аплауз.
Искажуваме благодарност до домаќините за поканата на овој 18 МФФ Велигденски средби, с. Ораовица, Радовиш, како и на Министерство за култура за финансиската поддршка за учество на фестивалите во земјата и странство.

Оваа објава се случува на 18.04.2023 – светскиот дена на културното наследство и ние во својство на носители на културното наследство орото Копачката, им го честитаме овој ден на сите вклучени страни во негување и промоција на нашето богато наследство.
По подолги проби, за прв пат на сцена се појавија Мартин Стоименов, Едиса Багашова и Надица Колевска и сакам да им честитаме за прекрасната нивна изведба во совршено изведените чекори. И сите други бевте неизмерно добри, Ве сакам сите и уживајте во трет ден Велигден, во светскиот ден на културното наследство, НИЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВАМЕ. Христос воскресе!, истална меѓудругото по овој настап претседателката Перса Стојановска.
Leave a Reply