
Во Делчево организирана традиционалната ифтар вечера по повод рамазанските пости. На традиционалната вечера присуствуваше тим од Општината со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој ја упати пораката за продолжување на соживотот меѓу населението, како препознатлив белег на градот Делчево.
-Делчево треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции затоа што имаме долга историја на заеднички соживот и постоење.
Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност, истакна Трајковски.

Традиционалната Ифтар вечера ја организираше Општина Делчево, а истата се одржа во џамијата Мехмет Фатих II во Делчево.
Ифтар е прекинување на рамазанскиот пост после зајдисонцето кај лицата од муслиманска вероисповед односно претставува вечера за време на Рамазанскиот пост.

Leave a Reply