ФЛЕКС КРЕДИТ потпиша договор за спонзорство со кошаркарскиот клуб ТФТ – Скопје

Финансиското друштво Флекс Кредит се цели кон константно поддржување на спортот и спортската култура во земјата преку постојано спонзорирање на спортски клубови и настани во целата држава, а не помалку важна улога има и во поддржувањето проекти од голема важност за развој на граѓанските вредности во општеството.

Преку своите различни и повеќенасочни активности како спонзор, компанијата цели кон јакнење на општествениот ентузијазaм, на тој начин постојано надоградувајќи ја својата позиција на одговорен општествен чинител.

Флекс Кредит веќе некое време е еден од двата главни спонзори на КК ТФТ Скопје и генерален спонзор на младинскиот клуб ТФТ, кошаркарски клуб од Тафталиџе кој иако е релативно нов клуб, бележи одлични резултати во Македонската кошарка. Веќе минатата сезона го освоија и првиот трофеј, откако во финалето на Купот каде што го подебија и големиот шампион МЗТ Скопје.

Клубот се натпреварува во АБА2 лигата, минатата сезона беше дел од проектот на БИБЛ, додека летово играше и квалификации за ФИБА Лигата на шампионите.

 “Нашата компанија и покрај многубројните предизвици со кои успешно се справивме, брзиот раст и развој кој го имаше измнинатата година, не ги заобиколи и спортот и спортските настани со кои остваривме успешна и долгорочна соработка.

Спонзорствата и донациите како на места каде што е најпотребно, така и во спортските субјекти се многу важен сегмент за нас и во целост ја разбираме потребата да се биде помагател на клубови и индивидуалци со цел да се подигне нивото на нивната работа и обезбедување услови за постигнување на најдобри резултати.

Како општетвено одговорна институција, нашите планови се да продолжиме со поддршката на младите таленти и нивниот развој.“ – велат од Флекс Кредит.  

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*