ЈЛБ ,,Илинден” избира читател на годината

Традиционално по повод светскиот ден на книгата и авторското право, ЈЛБ„Илинден“ избира читател на годината.

-И овој пат избравме тројца наши читатели на различна возраст. Тоа се: Жаклина Николовска Ружинска,Деана Китановска и од најмалите тоа е Јоана Гиздовска. Честитки до сите, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели, истакна директорката Биљана Петровска.

Хорхе Луис Борхес рекол:„ Отсекогаш замислував дека рајот би изгледал како библиотека“.Книгите се уникатна пренослива магија. Нека е честит светскиот ден на книгата!, додадоа од ЈЛБ Илинден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*