Во Делчево одбележан Источен Петок Балаклија

Манастирскиот комплекс ,,Балаклија” во Делчево и денес беше зборното место каде христијанските верници го одбележаа празникот Источен Петок Балаклија. Во текот на целиот ден граѓаните го посетуваа изворот кој се наоѓа под самиот манастир кој го носи името на Св.Богородица Балаклија. 

Според народните верувања на жителите од Пијанец, изворот со вода има лековито дејство, заради што е посетуван не само на овој празник, туку и преку целата година.

-На овој извор доаѓаме често, а денес сум посебно радосна бидејки ми се роди правнука. Убави емоции на убав празник, така што им посакувам се најубаво на сите верници, вели посетителка од Делчево.

До 2019 година на овој ден се служеше и црковен ручек, но поради корона пандемијата, ручек неколку години по ред не се служи.

-Народот сепак е навикнат на оваа традиција и затоа и денес е присутен во текот на целиот ден. Ја посетуваат чешмичката, палат свеќи за здравје. Добро е иако било и подобро. Нека е за многу години и Христос Воскресе, додаца друг граѓанин кој денес го посети овој манастир.

Манастирскиот комплекс Св.Богородица Балаклија е изграден на иницијатива на некогашниот премиер по потекло од Делчево Љубчо Ѓеорѓиевски кој вложи во уредување на местото каде порано се наоѓаше малата црквичка, која е честа мета на туристите од Македонија и странство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*