,,Малешевци за Малешевијата” – формирано ново здружение во Берово

Основачите на новото здружение на граѓани со име „Малешевци за Малешевијата“ на 22.04.2023 година одржа Собрание на кое ги усвои Актите за основање, Статутот, Програмата за работа и други одлуки за основање согасно позитивните законски одредби.

Како иницијатор на новото здружение кое е освежување за градот Берово, е великанот на македонската фармација, национален херој на душата и срцата на пациентите Благој Механџиски. Тој е проевропски настроен следејќи ги современите трендови, а како човек сепак традиционален. Личност која гине за својот сопствен народ и роден крај. Ги поседува сите есенцијални категории на хуманоста, и човек кој го развива брендот Зегин. Тој постојано истражува и може да се каже дека неговата методологија на успех се темели на сеопфатноста и како таков е иницијатор на оваа здружение кое има цели за развој на Малешевијата и враќање на стариот еснафски дух со кој се одликуваше малешевскиот крај и гордите Малешевци.

-Основна цел на Здружението „Малешевци за Малешевијата“ е поддршка и развојот на општеството, во кое социјално ранливи категории на граѓани се третираат еднакво во нивните права, за да ги подобриме економските, културни и образовни состојби. Исто така цел на Здружението е заеднички да ги вратиме малешевските граѓани кон корените и еснафскиот малешевски статус на регионот, од каде почнала мисијата на словенските просветители Св. Крил и Методиј – додаваат од здружението „Малешевци за Малешевијата“

Како примарна цел е да се вратибво живот Малешевијата , а како посебни цели и задачи на здружението се:

  • Еднаш годишно сите кои живеат надвор од родниот крај да се вратат во малешевијата;
  • Да се овозможи правна помош на сите кои во општествениот систем се обесправени;
  • Да се оствари поголема грижа за лицата со попреченост, со посебни здравствени потреби;
  • Да се подобри грижата за самци, бездомни лица и самохрани родители, а особено за маргинализираните и ранливи категории на граѓани; 
  • Да се подигне на највисоко ниво заштитата на стари и изнемоштени лица;
  • Да се унапреди земјделството, да се зачуваат шумите и да се искористат шумските плодови за одржлив развој;
  • Да се зголеми постојниот стопански потенцијал и враќање на индустриските капацитети, занаетчиството земјоделските ресусрси кои се на работ на изумирање;
  • Да се овозможи поддршка на спортските и рекреативните здруженија кај младите лица, средношколците и старителица;
  • Да се промовираат туристичките потенцијали преку различни активности и проекти од домашна и меѓународна поддршка;
  • Да се организираат и да се учествува на семинари, предавања, симпозиуми, обуки, работилници, изложби, фестивали, јавни приредби, видео презентации, и други манифестации од областа на културата и традицијата;
  • Да се издаваат информативни материјали, книги, брошури, компакт-дискови филмови и други матерјали за културата, традицијата, обичаите, народните игри и песни, инструменти, носии и други уметнички манифестации;
  • Да се врши посредување во културата и да се организира музичка и сценска уметничка дејност;
  • Да се учествува на меѓународни настани и фестивалии и дасеспроведуваатзаедничкипроектизачленовите на здружението;

        Да се покренат иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на Здружението;

       Да се формираат тимови по области за имплементација на Стратешките документи на Здружението;

  • Организира и учествува во хуманитарни донации и настани;

      Организирање на локални, регионални, национални и меѓународни фестивали и други настани и манифестации;

Упатуваме честитки до членовите на здружението и посакуваме успешна работа и реализација на нивните цели.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*