Пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин” го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право

Вечерва во просториите на гимназијата во Пехчево во организација на библиотеката ” Кочо Рацин” се одржа настан по повод 23 Април- Светскиот ден на книгата и авторското право. Библиотеката го одбележа овој ден со доделување дипломи и книги на најчитатели и читатели рекордери за 2022година,со промовирање на млади таленти како што се учениците од Музичкото студио “Узунов” под менторство на Жаклина Узунова,младите таленти од с. Црник под менторство на наставничката Магдалена Симовска,младите поети под менторство на Габриела Костадинова.

За музичкиот дел беше задолжен професорот по музичко Драган Колевски,за сценариото беше задолжена директорката на библиотеката. Водител на настанот беше младото,талентирано момче Иван Јангелов.

Пораките по повод денот на книгата ги прочита Јасминка Цековска. Со многу интересни содржини се одбележа чествувањето на книгата и авторското право.

Во продолжение видео од целиот настан

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*