Левица Делчево поднесе иницијатива за помош на бранителите од воениот конфликт во 2001

Денес членот на советот Тони Стаменковски кој е дел од политичката партија Левица-Делчево до претседателот на советот на општината поднесе иницијатива за помош на бранителите од воениот конфликт во 2001. Писмениот допис кој го добивме за оваа активност ви го пренесуваме во целост:

Денес Политичка Партија Левица-Делчево и членот на советот Тони Стаменковски до претседателот на советот на општината беше поднесена иницијатива за која се надеваме да биде едногласно изгласана на наредната редовна седница на советот.Со оваа иницијатива се поднесени следните барања:

  1. Процентуална застапеност од 1/3 од огласите за вработување во јавните општински претпријатија.
  • Според член 10 од законот за припадници на безбедносните сили на Р. Македонија, државните органи, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи се должни при вработување под еднакви услови да дадат предност на невработен припадник на безбедносните сили.
  1. Ослободување или процентуално намалување на давачките ( данок ) кон општината за Бранителите.
  2. Ослободување или процентуално намалување на давачките ( комуналните такси и данок ) во комуналното претпријатие.
  3. Ослободување од плаќање надоместок за екскурзии во општинските основни училишта.

Сите горенаведени барања се однесуваат на потесното семејство ( родители, брачниот другар и децата ), а се докажува со прикажување на лична карта и уверение со потврда од Министерството за Одбрана за учество во вооружените дејствија од 2001 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*