
Средствата соберени од „Велигденската изложба“ 2023, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево ги донираше за најмалите во детската градинка „Весели цветови“. За трите групи во јаслите, библиотеката подари играчки соодветни за нивната возраст. Ако целта на изложбата беше средствата од продажбата да се наменат за хуманитарни цели, тогаш библиотеката ја исполни својата должност и искрено се надеваме дека донацијата отиде во вистински раце.
Многу пати досега ЈЛБ„Илинден“ подарувала на дечињата но за прв пат тоа до прави за најмалите кои се во јасли. Тие се мали за да читаат и книги и сликовници но затоа сакаат и треба да си играат. Среќни сме што утрото ни започна толку искрено, мило, и безгрижно. Иако мали, овие дечиња ова утро ни подарија голема радост, истакна директорката Биљана Петровска.
Линк до објава:
Leave a Reply