Во Берово започна примената на мерката за субвенционирање на млади лица за стекнување со  возачка дозвола

 Во Берово започна примената на мерката за субвенционирање на млади лица за стекнување со  возачка дозвола. За таа цел, како што информираа од Општината, денеска се исплатени средства на ученици од гимназијата ,,Ацо Русковски” како субвенција за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија.  

-Средствата се исплатени, како дел од Програмата за социјална заштита, за  поддршка на родителите во семејниот Буџет.  Целта на оваа мерка е преку општинскиот Буџет, да се овозможи дел од средствата да се вратат повторно кај граѓаните и да ги искористат млади лица, кои ќе бидат идни возачи, информираа од Општината.

Во буџетот на Општина Берово, за 2023 годиназа оваа намена, предвидени се 600 илјади денари.

-Со решенија овие средства ќе бидат доделени на сите кои ги исполнуваат условите и кои согласно Правилникот,  со обука за практичен и теоретски дел, започнале во 2023 година, додадоа од Општина Берово.

Решенијата на кандидатите кои се дел од оваа мерка денес им ги додели беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*