Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи

 Во Делчево заврши рехабилитацијата на патот во месноста Долни Бавчи во Општина Делчево кој се рехабилитираше во рамки на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“. Со реализацијата на овој проект како што информираа од Општината, директно се влијае на подобрување на руралната патна инфраструктура во непосредна близина на градот Делчево.

-Најголема корист рехабилитацијата на патот кој опслужува и е наменет за околу 500ха земјоделски површини ќе имаат сопствениците и корисниците на обработливото земјоделско земјиште до кое директно се пристапува од оваа траса. Исто така бенефитот е голем и на сопствениците на помошни земјоделски објекти и фарми на кои им се овоможува побрзо и побезбедно транспортирање на готовите производи до пазарите односно откупните пунктови кои за време на откуп се лоцирани во Делчево, информираа од Општината.

Целта на реализација на активноста како што додаде градоначалникот на Делчево, Горран Трајковски е  оневозможеното движење со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште кое се обработува во оваа месност.

-Работите на рехабилитација се однесуваа  за патот во м.в. Долни Бавчи во должина од 1.000 метри и со ширина од 4,5 метри кој поминува низ земјоделско обработливо земјиште, претежно овоштарници и ниви. Вкупната вредност на изведба на работите за рехабилитација согласно потпишаниот Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион  и изведувачот СД Транс ДООЕЛ Славе увоз-извоз с.Ѕвегор, Општина Делчево изнесува 1,17 милиони денари, информираше Трајковски.

Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, преку Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година, за чие искористување помеѓу МЗШВ и Центарот за развој на источниот плански регион беше склучен Договор за финансирање.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*