
Јавната локална библиотека „Илинден” во соработка со Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“ по повод 120 години од смртта на великанот Гоце Делчев, патрон на градот Делчево го распишаа наградниот литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“.
Право на учество на конкурсот како што информираа од ЈЛБ ,,Илинден” имаат сите заинтересирани граѓани од регионот на Пијанец и Малеш.
-Напишаните литературни творби во проза или поезија можат да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево со напишано име и презиме и контакт телефон, но и во електронска форма на е–маил адреса: m.biblioteka@t.mk, информираа организаторите.
Конкурсот ќе трае до крајот на месец април, односно заклучно со 30.04.2023 година.
-Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт на КУД „Гоце Делчев“, во рамките на одбележувањето на 120 години од смртта на великанот Гоце Делчев на 4 мај 2023 година, додадоа организаторите
Прогласените творби ќе бидат објавени и на веб-страницата на Општина Делчево.

Leave a Reply