Во Берово во тек вториот повик за дооформување на средно образование за возрасни лица Роми

Во Берово во тек е јавниот повик за учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Берово. Актвноста се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, Ромактед Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”.

-Оваа акција има за цел директно да го промовира и унапреди образовното ниво на дел од ромската заедница во Општина Берово со цел да им овозможи на Ромите да бидат конкуректни и да им го олесни пристапот на пазарот на труд.  Целта на повикот е да се обезбеди формална диплома за завршено средно образование за возрасни Роми кои го немаат комплетирано своето средно образование, информираа од Општината

Со оваа активност ќе бидат опфатени три до пет возрасни Роми кои имаат завршено тригодишно средно образование или на кои им недостасува уште една година за да се стекнат со диплома за завршено средно образование. 

-Дооформувањето на образованието треба да биде спроведено во временски период од април до декември 2023 година.  Избраните кандидати ќе се стекнат со диплома за завршено средно образование, додадоа од Општина Берово.

Крајниот рок за доставување на документацијата е најдоцна до 05.05.2023 година на адреса Општина Берово, ул. Димитар Влахов бр. 10 ,2330 Берово, со назнака„Јавен повик за улество во акција за поддршка – дооформување на Средно образование за возрасни лица Роми” – РОМАКТЕД Програма. За повеќе информации од Општината ги упатија да ја посетат општинската веб-страница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*