Во Берово се слави ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски

Во Берово денес се слави ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски, еден од најистакнатите македонски востаници во Источна Македонија. По тој повод се одржа пригодна програма организирана од деветолетката која го носи неговото име. Одбележувањето започна со положување на свежо цвеќе, пред спомен плочата на Дедо Иљо Малешевски во училишниот двор во Берово, каде цвеќе положија училишна и општинска делегација, а беше одржан и рецитал за ликот и делото на македонскиот војвода. 

Прославата продолжи во бизнис инкубаторот, каде се одржа културно-уметничка програма, со доделување на наградите на учесниците во литературниот конкурс.

-Горди сме на големиот број успесите на учениците и учеството во голем број проекти. Исто така подобрувањето на условите за учење биле, се и ќе продолжат да бидат приоритет во нашето работење. Во училиштето денес учат вкупно 660 ученици и горди сме што имаат најдобри услови за учење, рече Аврамска.

Свое обраќање во рамки на настанот имаше и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој меѓу другото ги посочи направените реконструкции во училиштето, по сите енергетско ефикасни стандарди, опремената сензорна соба, обновениот  училишниен двор, изградениот спортски терен и континуираната поддршка од општинскиот Буџет за учениците. 

Честитајќи го патрониот празник, тој на вработените им поска и во иднина, да продолжат да даваат се од себе, во знак на успех и напредок на учениците и образовниот процес и секогаш заеднички да се гордеат на постигнатите успеси.  

По завршувањето на културно-уметничката програма, на спортските терени се одиграа спортски натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*