
Во Делчево започнаа активностите кои десетта година по ред Невладината организација ,,КХАМ” ги реализира како дел од одбележувањето на Неделата на имунизација. Во рамки на денешните активности, кои се реализираа во соработка со Општина Делчево и Здравствениот дом ,,Гоце Делчев” се поделија хигиенски пакети на неколку семејства од Делчево, а целта како што истакна извршниот директор на НВО ,,КХАМ” е подигање на свеста кај населението за важноста од имунизацијата.
-Резултатите од овие заложби се 95 проценти имунизирани деца во Општина Делчево, иако овој проект го работиме на регионот на Пехчево и Виница. Денеска сме во Делчево каде доделуваме хигиенски пакети на семејства со новородени во претходната година. Една предност од тоа што Општина Делчево располага со педијатар заради што мислиме дека процентот на имунизација во локални рамки ќе го покачиме на уште повисоко ниво, истакна Толевска.

Градоналникот на Делчево, Горан Трајковски кој учествуваше во рамки на оваа активност изрази задоволство што Делчево се вбројува во градовите со најголем процент на имунизирани млади лица.
-Имунизацијата би рекол е едно од најголемите достигнувања на човештвото и благодарение на имунизацијата човештвото се спасило од голем број заразни болести односно станало имуно. И овде во Делчево од податоците кои ги имаме процентот на имунизација е 90 процентот на имунизирани млади кои ќе допринесат за сузбивање на ширење на заразните болести и може да кажеме дека Општина Делчево претставува пример во однос на други градови во државата, рече Трајковски.

Самите родилки во контекст на денешната посета истакнаа дека од голема важност е навремената имунизација за спречување на евентуални болести кај новороденчињата, потенцирајки дека редовно ги следат упатствата на матичните лекари. Активностите во рамки на Неделата на имунизација утре продолжуваат во селото Црник и Општина Пехчево.
Видеото може да го погледнете со кликнување на фотографијата подолу:

Leave a Reply