Во Пехчево реализирана обука за справување со пожари

Во Пехчево реализирана обука за справување со пожари на која учествуваа 35 пожарникари од Добролното противпожарно друштво од Пехчево и Тееиторијалната противпожарна единица од Берово. Иницијативата за обуката е на општините Пехчево и Берово, а истата како што информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски се реализираше во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување.

-Во рамки на денешната обука имавме теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел се одржа во Едукативниот центар во Негрево, додека практичниот дел кај месноста Св.Петка која пред околу две години беше зафатена од пожарите во Малешевијата и Пијанец. Доброволците пожарникари од Пехчево се запознаа со функционирањето на новите возила, пумпи, напртњачи, линија, симулација на надеземен и комбиниран пожар и слично, рече Руменовски.

По завршувањето на обуката учесниците како што додаде ќе добијат сертификати.

-Иако доброволците веќе добро се запознаени и имаат искуство бидејки се вработени во служби како шумска полиција, шумско стопанство и други институции, сепак сметам дека обуката е од голема полза бидејко знаеме што се случи пред околу две години кога имавме огромни огнени стихии во Малешевијата и Пијанец, додаде командирот на беровската ТППЕ.

Претходно беровските пожарникари реализираа симулациска вежба за гаснење пожар на отворен простор во близина на Беровско Езеро.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*