КУД ,,Гоце Делчев” од Делчево со концерт по повод 120 години од смртта на својот патрон

 Културно-уметничкото друштво ,,Гоце Делчев” од Делчево вечерва организираше концерт по повод 120 години од смртта на патронот и великан на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Во рамки на концертот покрај организаторот свој настап имаа членови на КУД ,,Јане Сандански” од Пехчево, а во рамки на настанот беше подготвен и рецитал за животот и делото на Делчев.

-Настапивме со повеќе кореографии препознатливи за овој крај како и музички точки со кои настапуваме во нашата држава, но и надвор од неа. Со ова сакаме да му оддадеме почит на нашиот патрон кој пставил неизбришлив белег во македонската историја, истакнаа од КУД ,,Гоце Делчев” Делчево.

Во рамки на концертот беа доделени наградите за најдобрите од регионалниот литературен конкурс на тема „Гоце-наша звезда водилка“

-ЈЛБ ,,Илинден” и КУД ,,Гоце Делчев” под покровителство на општина Делчево, а по повод одбележувањето на 120 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев го реализираа овој регионален литературен конкурс на кој учество зедоа учесници од Делчево, Берово и Пехчево. Првото место го поделија три учеснички на конкурсот Андреа Димитровска, Сара Ангелова и Искра Георгиевска. Дел од учесниците на конкурсот чии творби беа навистина добри, а не се наградени, од ЈЛБ„Илинден“, добија благодарници и подарок книга, истакна Биљана Петровска, директорка на ЈЛБ  ,,Илинден”.

Наградените творби беа прочитани пред присутната публика на вечерашниот концерт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*