,,Продолжуваме каде тој падна”, во Делчево одржана трибина по повод 120 години од смртта на Гоце Делчев

 Во организација на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Делчево вечерва се одржа трибина ,,Продолжуваме каде тој падна” како дел од одбележувањето на 120 години од смртта на великанот и апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. На настанот учество зедоа проф. Д-р Ванчо Ѓеоргиев од Институтот за историја, проф  Д-р Иванка Василевска, пратеник во Собранието и доцент Игор Јуруков од Филозофскиот факултет. Во својата изјава по завршувањето на трибината пратеникот Василевска упати 

апел за обединување на сите македонски граѓани.

-Апелот е до сите македонски граѓани кои од срце и душа веруваат во Македонија и сакаат цела, со зачуван идентитет со заштитен македонски литературен јазик, со заштитен дигнитет како што е прогласено со декларацијата за сувереност и независност кога ја создадовме Македонија во 90-тите години, таква Македонија, горда, единствена, еднаква меѓу еднаквите да пристапи во Европската унија, рече Василевска.

Меѓу другото упати апел и до власта да не се заборава дека за македонската држава се дадени огромни жртви во минатото.

-Затоа направивме поврзување од 2 август 1903 до 2 август 1944 кога конечно е додаден идеалот за независна Македонија, како што стои во рамките на Асномските определби.  Оттаму е залогот на сите генерации до денес, кој почива на основната премиса која ја постави Делчев, а која што Крсте Петков Мисирков чиј што јубилеј истотака го славиме од објавувањето на ,,За македонцките работи” ја продолжи, а го пропагира создавањето на македонска современа држава, додаде пратеничката во македонското Собрание.

Претходно како што додаде Иван Гоцевски, претаедател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, делегација на партијата положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев оддавајки почит на сите кои ги дадоа животите за Македонија.

-Пораката е многу јасна, ние сакаме да му одадеме почит на македонскиот великан по кој е крстено нашето Делчево, човекот кој само 30 години го разбра светот како ,,поле за културен натпревар меѓу народите”. Како нови генерации сме должни да се стремиме кон неговиот идеал, да се стремиме кон економски напредок, кон взаемно почитување, сите заедно македонците да излеземе од калта во која е моментално Македонија, а да можеме да обезбедиме едно подобро утре на нашите идни генерации, рече Гоцевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*