Соопштени имињата на наградените на Литературниот конкурс ,,Гоце наша звезда водилка”

ЈЛБ„Илинден“ во соработка со КУД„Гоце Делчев“ а под покровителство на општина Делчево, по повод одбележувањето на 120 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, распиша регионален литературен конкурс на тема „Гоце-наша звезда водилка“.

-Денеска во читалната на библиотеката се одржа литературно дружење во учесниците во овој конкурс од Делчево, иако ни пристигнаа творби и од Пехчево и Берово, но од оправдани причина не можеа да присуствуваа на оваа наше денешно дружење.Третото место и припадна на Сара Чипевска – библиотека „Народна просвета“ – Берово.Второ место за Јелица Јовевска – матична библиотека „Кочо Рацин“-Пехчево. И првото место го поделија три учеснички на конкуресот, то се: Андреа Димитровска, Сара Ангелова и Искра Георгиевска.Сите учесници на конкурсот од ЈЛБ„Илинден“, добија благодарници и подарок книга.Честитки до сите!

Наградените творби ќе бидат прочитани на свечениот концерт по повод одбележувањето на 120 години од смртта на Гоце Делчев, кој ќе се одржи денес со почеток во 18 часот во Спомен дом АСНОМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*