Во Берово по трет пат ќе се одржи спортскиот настан Штрапаријада

По повод празникот Ѓурѓовден, денес во Берово по трет пат ќе се одржи Штрапаријада, спортски натпревар во кој коњи се натпреваруваат во влечење трупци. Како што истакнаа организаторите, годинава предвидени се три категории во влечење на трупци со коњи. 

-Натпреварите се во лесна категорија од 300 до 400 килограми, средна од 400 до 500 и трета категорија над 500 килограми.

Минатите два настани на овој вид спорт, привлекоа огормен број посетители, имавме љубители на коњи и натпреварувачи не само до Берово туку и од повеќе соседни градови и Скопје, се надеваме дека и денес ќе биде така  истакнаа организаторите.

Најавуваат богата програма, со музика во живо, а за најдобрите натпреварувачи предвидени се пригодини награди.

-Ги повикуваме сите беровчани и пошироко од Малешевијата и околните градови да дојдат и да бидат дел од овој настан, додадоа организаторите.

Локацијата на одржување на настанот е Шумскиот склад на патот кој води до Беровско езеро.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*