Кик-боксинг клубот АС од Делчево со 5 медали се враќа од Европскиот Куп во Сараево

Кик-боксинг клубот АС од Делчево со 5 медали се враќа од Европскиот Куп кој викендов се одржа во Сараево. Клубот на престижниот спортски настан учествуваше со тројца претставници предводени од тренерот Љупчо Стојчевски кој по враќањето истакна дека годинава на турнирот имало доста силна конкуренција, но е задоволен од постигнатите резултати.

-Во Сараево освоивме два сребрени и три бронзени медали. Давид Стоименовски освои сребро во лоу-кик и поинт-фајт,  Павел Стојчевски освои два бронзени медали во поинт-фајт и лоу-кик и Андреј Митков има еден бронзен медал во дисциплината лоу-кик. Иако досега редовно се враќавме со по некој златен медал сепак и овој успех е одчичен ако се има предвид конкуренцијата, рече Стојчевски.

Делчевските претставници беа дел од македонската кик-боксинг репрезентација која надтапи со 64 претставници од вкупно 60 клубови. 

Покрај натпреварувачи од Балканските земји на турнирот во Сараево учествуваа и окплу 750 кик-боксери од Словачка, Австрија  Израел, Сингапур и други земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*