
Во Делчево се одбележува 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. По тој повод пред споменикот на паднатите борци од НОВ свежи цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на организации и институции, политички партии и Здружението на борци.
Денешниот датум 9-ти Мај како што истакнаа членовите на КУД ,,Гоце Делчев” во својот реферат е ден кога се оддава почит за големото дело на припадниците на партизанските единици од Народно ослободителната борба, кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава.
-Во тешко извојуваната слобода животите ги загубија повеќе од 60 милиони луѓе, од нив 24.000 биле македонци. Еден од најзначајните датуми 9 Мај, се одбележува и како Ден на Европа бидејки го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа, истакнаа од КУД ,,Гоце Делчев” по повод денешната свеченост.
Пијанец во Втората светска војна во борбата против фашизмот дало стотина жртви. Во нивна чест во центарот на Делчево е подигнат монументален споменик на кој се испишани нивните имиња, како и пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме она што сме, не смрт без слобода, не без Македонија.
По повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа учениците од гимназијата Методи Митевсли Брицо ќе одржат ораторски говор ,,Да се слушне гласот на младите – како Да се биде европски граѓанин”.
Leave a Reply