Млади иноватори на средба со градоначалникот на Берово, Пекевски

Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски денеска оствари средба со младите и надежни таленти Екатерини Самаропулу и Сара Видинска и нивниот ментор Бистра Поп Ѓорѓиева, кои неодамна се вратија од Бановичи, Босна  и Херцеговина, каде што успешно се пласираа на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари,  ,,Бановичи 2023″.  

Пекевски им честиташе за успехот потенцирајки го остварениот резултат како  афирмација на Општина Берово во меѓународни рамки.

-На нашите таленти им посакав низ работа и труд, да продолжат да постигнуваат високи резултати. Преку ,,Народна Техника” од Берово, голем број на ученици, успешно се пласирале на бројни натпревари, со што,  користеле и стипендии преку Министерството за образование и наука,  донеле успеси и за општината и  ја претставиле во вистинско светло, истакна Пекевски.

Младите истражувачи и нивниот ментор на средбата ги пренесоа своите впечатоци од натпреварувањето, убавите дружења и истакнаа дека тоа е едно прекрасно искуство за нив. 

Екатерини Самаропулу,  во категоријата агротехника, со проектот ,,Хидропонична кула”, освои златен медал, а Сара Видинска, во категорија високоградба, со проект ,,Концертна хала во Сиднеј”, освои благодарница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*