Средношколките од ,,Миле Јаневски Џингар” – М.Каменица вицешампионки во футсал

Денес, 11.05.2023 на Државното првенство во Фудбал-женска конкуренција во Битола, нашите ученички завршија како Вицешампионки,по победата против домаќинската екипа од Битолската гимназија “Таки Даскало” и поразот во дуелот со Средното фискултурно училиште “М. М. Брицо” од Скопје. Оваа победа на нашиот училишен тим е од големо значење бидејќи се натпреваруваа против тимови во кои сите натпреварувачки се членови на разни македонски престижни фудбалски клубови, а поголем дел од тимот на Средното фискултурното училиште се и актуелни репрезентативки. Упатуваме искрени честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина за нашите ученички и менторката проф. Лилјана Петровска Воедно, со овој успех на најубав начин нашите фудналерки-матурантки Марија Јаневска, Дајана Ристовска, Вероника Николовска и Симона Миткова се збогуваа со училишните спортски натпреварувања, па им посакуваме успешна иднина надвор од училишните терени, се вели во објавата на СОУ ,,Миле Јаневски – Џингар”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*