
Здружението на пензионери од Делчево на 8 јуни 2023 година ќе биде домаќин на Регионалните пензионерски спортски игри
На настанот ќе учествуваат здруженијата на пензионери од Делчево, Пехчево, Виница, Берово, Македонска Каменица, а предвидени се натпревари во неколку спортови:
Дисциплини:
* Гаѓање со воздушна пушка – мажи и жени
* Шах – мажи и жени
* Пикадо – мажи и жени
* Теглење јаже – мажи
* Шутирање пенали на мали голови – мажи и жени
* Слободни фрлања на кош – мажи и жени
* Фрлање ѓуле – мажи и жени
* Трчање – мажи и жени
* Скок од место – мажи
* Домино – мажи и жени
* Табла – мажи и жени
Се известуваат членовите на ЗП Делчево за учество да се пријавуваат во здружението на пензионери до 19.05.2023 кај благајникот.
Со преднатпреварите за учество, од резултатите ќе се врши селекција на учесници.
Селектираните учесници/ик учествуваат само во една дисциплина

Leave a Reply