
Славица Вучковска од Делчево мадеротерапевт и едукатор во школа за убавина АРТ – Скопје. Со неа поразговаравме за мадеротерапијата која е се попопуларна во светот.
Делчево365: Што е мадеротерапија?
ВУЧКОВСКА: Мадеротерапијата или терапија со дрво станува се попопуларна во светот, па и кај нас. Тоа е тип на масажа развиена во Колумбија во која се користат дрвени алатки со кои се изработуваат движењата. Има околу 20 разни видови на алатки, кои повеќе личат на модифицирани сукала. Тоа се однесува првенствено за обликување на телото, посебно кај лица со диспропорционално наталожени масни наслаги. Масажата е најпопуларна за елиминација на целулит на нозете и бутовите, но може да се прави и на други региии, а кај мажи за на ,,пивски” стомак.
Делчево365: Кажете ни нешто повеќе за самиот третман?
ВУЧКОВСКА: Техничката вклучува серија со повторливи движења со кои се вклучени повеќе видови на дрвени алатки. Видливи резултати има уште на првиот третман а доблести позитивни од третманот се:
-100 % природно без контраиндикации.
-Промовира лимфна дренажа
-Отстранува токсини
-Ја намалува задршката на течноста
-Го чисти целулитот
-Топи масни наслаги
-Затегнува кожа
-Тонира мускули

Делчево365: Колку често се прави?
ВУЧКОВСКА: За добри резултати се препорачуваат две серии од по 10 третмани, еден третман трае 45 минути и се прават три пати во неделата
Делчево365: Може ли да се изгуби на тежина?
ВУЧКОВСКА: НЕ!, се губи на обем, што е и подобро, но терапијата е добар сојузник ако веќе сте на таков пат.

Делчево365: Дали боли и дали има модрици?
ВУЧКОВСКА: Не и не смее да има !!! Само со неправилна техника на работа се прават модрици. Најважно е терапијата да ја изведува добро обучено лице.
Делчево365: Колку време работите?
ВУЧКОВСКА: Работам 7 години како мадеротерапевт во сопствен салон и сум лиценциран едукатор три години во школа за убавина АРТ.
Славица Вучковска и школа за убавина АРТ за прв пат оваа година организираат и мастер клас за Мадеротерапија
Мастерот како што информира Вучковска е наменет за лица што веќе работат, со цел да се доеудицираат, а на мастерот ќе бидат опфатени многу теми, со тоа што акцент се дава на начинот на работата кај клиентки со хипертензија, перименопауза, менопауза, дијабет, проблем со тироидна жлезда и многу други проблеми кои бараат посебен начин на работа.

Делчево365: Како се прават пакети да има резултати, а да не им се наштети на здравјето.
ВУЧКОВСКА: Лесно се прават резултати кај лица од 15 до 25 години, проблемот е кај жени од 40 + години кај кои и хормоните даваат контраефект, но не е невозможно да се направат резултати. Со добра обука од доброедуцирани едукатори се се учи. Несебично го споделувам моето знаење и искуство.


Leave a Reply