
Во Пехчево потпишан договорот за реализација на локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денес го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, Суад Скендери и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска.
-Во рамки на активностите предвидена е изведба на систем за одводнување/дренажа на основните темели на објектот во кој е лоцирана градинката, со цел спречување на создавање на влага како резултат на влијанието на атмосферските води, информираше градочалникот на Пехчево, Китански.

Во реализацијата на активностите како што додаде ќе биде вклучено локалното население и бизнис секторот.
-Како дел од реализацијата на оваа активност ќе биде поставена хидроизолација на ѕидовите на објектот и реконструкција која предвидува внатрешно доопремување со цел овозможување на соодветни услови за одржување на целодневен престој, додаде Китански.
Локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“ финансиски е поддржана од страна на Општина Пехчево, Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико преку проект на УСАИД – Заедно за просперитетна заедница, ОЈУДГ „7 Септември – Пехчево“ и КХАМ – Делчево
Leave a Reply