Во Берово матурското дефиле закажано за в петок (19.05.2023)

Средношколската заедница при ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово, Ве известува дека утре 19.05.2023 година (петок),  на плоштадот,,Димитар Беровски” ќе  продефилираат матурантите, од средното општинско училиште „Ацо Русковски  “ Берово.

Дефилето ќе започне од пред маркет КИТ-ГО, од каде матурантите ќе се упатат кон плоштадот ,,Димитар Беровски”, каде што ќе играат матурски валцер.

Повелете сите заеднички, со нашето присуство, да ја збогатиме вечерта на нашите матуранти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*