Уметнички дела на Фимка Капушевска изложени во Пехчево

Уметнички дела на пехчевката Фимка Капушевска од вчера во наредните неколку дена ќе бидат изложени во Домот на култура Јане Сандански во Пехчево. Како што истакнаа од пехчевскиот Дом на култура кој е организатор на настанот се работи за прва самостојна изложба на Капушевска.

-Во рамки на отворањето на изложбата, посетителите можеа да ги видат прекрасните уметнички дела на нашата сограѓанка Фимка, која своето слободно време го користи во творење, цртање, слики кои пленат со длабочина на чуства, фантазија преплетена со искрени чуства, мисли, идеи, поглед кон далечината, а сепак блиски до реалноста, истакнаа организаторите.

За авторката велат дека радува фактот што со сликарство Капушевска почнала да се бави по нејзиното пензионирање.

-Се работи за наследен талент на нашата сограѓанка која освен со сликање отсекогаш има желба за кроење и шиење женска гардероба, додадоа организаторите.

Од Домот на култура во Пехчево ги поканија љубителите на уметноста и во наредните денови да ја посетат изложбата и да ги погледнат делата на нивната сограѓанка

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*