Некогашниот играч на Брегалница Плус, Филип Петровски повторно најдобар стрелец за Јуниор Кисела Вода

Некогашниот ракометар на тимот на Брегалница плус, Филип Петровски денес со осум постигнати погодоци беше меѓу главните виновници што неговиот тим суперлигашот Јуниор Кисела Вода направи целосен пресврт во дуелот со Вардар Неготино, драматичен натпревар кој го доби домашната екипа со 30-29, со погодок на Иван Андревски во последната секунда.

Екипата за која настапува Петровски губеше со 23-29 на десет минути до крајот, но го искористи последниот напад за уште повеќе да се замрси битката за опстанок.

Јуниор Кисела Вода во моментот со 18 бода се наоѓа на шестото место кое носи бараж за опстанок, додека Вардар Неготино е седми со 16 бодови, што навестува интересно последно коло.

Најдобри стрелци во победничкиот тим како што кажавме беа токму Филип Петровски кој заедно со Ристовски постигнаа по осум голови.

Честитки до Петровски и неговиот тим за победата на кој му посакуваме да победи во последното коло и да ја оствари зацртаната цел.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*